Шефот на Вагнер ја предупреди Москва: „Украина планира напад од големи размери“

Сподели со своите пријатели

Основачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, го предупреди рускиот министер за одбрана дека Киев планира офанзива за отсекување на групата Вагнер од остатокот од московските трупи.

Loading...

Шефот на платеничката единица на вчерашната прес-конференција тврдеше дека е планиран „напад од големи размери“ за крајот на овој месец или почетокот на април, според Скај њуз.

Преземајќи го невообичаениот чекор за објавување на својата преписка со Сергеј Шојгу, Пригожин рече дека бара од Москва да ги преземе сите неопходни мерки за да спречи приватната воена група Вагнер да биде отсечена од главните сили на руската армија, што би довело до негативни последици за специјалната воена операција.

Тој додаде дека ќе го претстави сопствениот план за соочување со Украина, но не откри како дознал за наводната претстојна офанзива.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.