Шарл Мишел: ЕУ треба да размисли да им даде азил на руските дезертери

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека земјите од Европската унија треба да размислат да понудат азил на руските војници кои сакаат да го напуштат бојното поле во Украина.

Loading...

За време на денешното обраќање во Европскиот парламент, тој изрази „лутина поради злосторствата против човештвото, врз невините цивили во Буча и во многу други градови“ и ги повика руските војници да не ги извршуваат наредбите.

 

Кремљ најави воена парада на 9 мај

 

„Ако не сакате да учествувате во убиството на вашите браќа и сестри од Украина, ако не сакате да бидете криминалци, фрлете го оружјето, престанете да се борите и напуштете го бојното поле“, им рекол Мишел на руските војници, пренесува АП.

Поддржувајќи ја идејата што некои претставници на ЕУ претходно ја изнесоа, Мишел додаде дека обезбедувањето азил на руските дезертери е „вредна идеја што треба да се реализира“.