Сезонава засега без случаи на грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Досега во сезоната 2021/2022 во Куманово не се регистрирани случаи на заболувања од грип, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени во државата изнесува 509, 2,3 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона (n=218) и 6,9% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Кумулативно, заболените се пријавени од девет Центри за јавно здравје и подрачни единици. Најголем број на заболени лица (n=219) и највисока кумулативна инциденца (776,9/100.000) е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 242 случаи (47,5%), а највисока инциденца (133,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=139).

Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со 48-ма недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 2.110 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 17 позитивни случаи, 13 Influenza A/H3N2, три Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B несубтипизиран.

Во текот на 48-ма недела од 2021 година (29.11-05.12.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 100 (I=4,8/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 48-ма недела е зголемен во споредба со минатата сезона (n=32) и на исто ниво во споредба со типичната сезонска крива (n=99).

Заболените се пријавени од пет ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 44, во Гостивар – 33, во Охрид – 15, Тетово – 6 и во Кавадарци – 2.

Во однос на возрасната дистрибуција, 52 лица се на возраст од 15-64 години, 29 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години, 18 кај деца на возраст од 5-14 години и едно лице на возраст над 65 години. Највисока инциденца (25,0/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на 48-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 528 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 2 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 11 позитивни случаи од рутинскиот надзор – 9 Influenza A/H3N2 и 2 Influenza A несубтипизиран.

Никола Ивановски