Северна Кореја: Воените вежби меѓу Вашингтон и Сеул претставуваат „нуклеарна уцена“

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска ги обвини САД и Јужна Кореја за интензивирање на „нуклеарната уцена“ со заеднички воени вежби и рече дека ќе преземе соодветни мерки против „лудилото на потикнувачите на војни“.

Loading...

„Нивниот заговор да нѐ уништат воено е уште еден јасен показател дека лудилото на непријателските воени поттикнувачи достигна точка каде што повеќе не може да се занемари“, објави државната агенција KCNA, според Ројтерс.

Се додава дека „бесната нуклеарна војна меѓу американските и марионетските воени лидери“ сигурно ќе доведе до соодветни одговори.

Се нагласува дека Северна Кореја ќе продолжи да ги развива своите програми за оружје и дека „легитимно право на една суверена држава е да има помоќни средства за самоодбрана“ за да се брани од „сериозни ситуации и потенцијални закани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Американските и јужнокорејските сили од март оваа година одржуваат интензивни воени вежби, вклучувајќи воздушни и поморски вежби.

Меѓу другото, во вежбите учествуваат американскиот носач на авиони и тешки бомбардери.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.