Северна Кореја во последен момент откажала дооворена средба со Мајк Пенс во Пјонгчанг

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Мајк Пенс имал договорена средба со севернокорејски претставници, меѓу кои и сестрата на лидерот Ким Џонг-ун, за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, но Севернокорејци ја откажале во последен момент.

За време на посетата на Мајк Пенс на Пјонгчанг за свеченото отворање на Игрите, се отворила можност за куса средба со шефовите на севернокорејската делегација.  Потпретседателот беше подготвен да ја искористи оваа можност за да ја потенцира потребата Северна Кореја да се откаже од нелегалните програми за балистички и нуклеарни ракети, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт.

– Жалиме што тие не ја искористија оваа можност, додаде таа.

Пенс сакал на 10 февруари да се сретне со Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер, и со претседателот на парламентот Ким Јонг-Нам, но Севернокорејците се откажале два часа пред договорениот термин./МИА

Leave a Reply