Северна Кореја: Во Пјонгјанг откриено американско оружје од Корејската војна

Сподели со своите пријатели

Севернокорејската државна агенција KCNA денеска објави дека работниците на градилиштето на станбена зграда во областа Хвасонг во Пјонгјанг откриле повеќе од 110 бомби, проектили, мини, гранати и други видови оружје од периодот на Корејската војна произведени во САД.

Loading...

Експлозивните направи биле ‘рѓосани, но постоел ризик да експлодираат во секое време, пренесува Ројтерс.

Експерти од Канцеларијата за јавна безбедност на Пјонгјанг го деактивирале оружјето, се додава во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година