Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската војска објави дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета кон нејзиното Источно Море.

Loading...

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја не соопшти до каде летал проектилот, пренесува АП.

Лансирањето ги продолжува неодамнешните изложби на оружје на Северна Кореја, вклучително и десетици проектили минатата недела, кои Пјонгјанг ги нарече симулирани напади врз јужнокорејски и американски цели кои одржуваат заеднички воздушни воени вежби.

Јужнокорејски и американски официјални лица изјавија дека Пјонгјанг, исто така, направил технички подготовки за тестирање нуклеарно оружје за прв пат од 2017 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.