Северна Кореја истрела уште 100 гранати од западниот брег

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела уште 100 артилериски гранати од нејзиниот западен брег денеска, соопшти војската на Јужна Кореја, само неколку часа откако Пјонгјанг истрела стотици гранати во морето од нејзиниот источен и западен брег, како што рече, силно предупредување за Сеул.

Loading...

Јужнокорејските трупи во понеделникот ги започнаа своите годишни вежби со цел да ја зголемат нивната способност да одговорат на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани, пренесува Ројтерс.

Пјонгјанг луто реагираше на јужнокорејските и заедничките воени активности на Сеул и Вашингтон, нарекувајќи ги провокации и заканувајќи се со контрамерки.

Северна Кореја ги истрела најновите гранати околу 12:30 часот по локално време, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб, повикувајќи го Пјонгјанг да престане со акциите кои ги загрозуваат мирот и безбедноста во регионот, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Портпаролот на Генералштабот на севернокорејската народна армија (КПА) изјави дека последниот потег е одговор на истрелувањето на повеќе од 10 гранати од повеќекратните ракетни фрлачи на Јужна Кореја во близина на линијата за демаркација помеѓу 8:27 и 9:40 часот по локално време.

„Нашата војска силно ги предупредува непријателските сили веднаш да престанат со многу вознемирувачката провокативна акција“, рече претставникот на КПА.

Северна Кореја вчера истрела артилериски ракети во близина на поморската граница со Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека околу 100 гранати биле истрелани во близина на западниот брег на таа земја и околу 150 во близина на источниот брег.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Војската на Северна Кореја денеска соопшти дека на војниците им е наредено да истрелаат повеќе артилериски гранати од нејзиниот источен и западен брег како одговор на истрелите од повеќекратните ракетни фрлачи на Јужна Кореја, пренесе Ројтерс.