Северна кореја испратила 7.000 контејнери со муниција во Русија

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик тврди дека Северна Кореја ѝ доставила на Русија околу 6.700 контејнери со муниција за да ја поддржи во војната против Украина.

Loading...

„Се проценува дека Северна Кореја ѝ доставила на Русија околу 6.700 контејнери од самитот меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот лидер Владимир Путин во септември“, рече јужнокорејскиот министер, пренесе новинската агенција Јонхап.

Според него, ова е доволно за да се сместат повеќе од 3 милиони артилериски гранати од 152 мм или 500.000 гранати од 122 мм.

Јужнокорејски министер изјави дека стотици фабрики во Северна Кореја работат со околу 30 отсто од нивниот капацитет поради недостаток на суровини и електрична енергија, но дека оние кои произведуваат артилериски гранати за Русија работат со „полн капацитет“.

Тој не го прецизираше изворот на информацијата, според Јонхап.

Според Шин Вон-сик, Северна Кореја добила околу 9.000 контејнери со главно храна во замена за муниција, што помогнало да се стабилизираат цените.

Тој додаде дека Москва веројатно ќе ѝ обезбеди на Северна Кореја сателитска технологија, потсетувајќи дека Пјонгјанг во септември објави дека го лансирала првиот шпионски сателит во орбитата и најави дека ќе лансира уште три оваа година.

Сеул и Вашингтон ја обвинуваат Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје за војната против Украина.

Loading...

Пјонгјанг и Москва го негираат ова, но велат дека ќе ја зајакнат воената соработка.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.