Северна Кореја испали балистичка ракета од својот источен брег, соопшти денес јужнокорејската војска.
Балистичката ракета лансирана од Северна Кореја имала дострел до 800 километри, прецизираше јужнокорејската армија во соопштението.
Повеќе детали засега не се познати, јавува Ројтерс, пренесува Танјуг.
Во март, рускиот сојузник Северна Кореја испали повеќе балистички ракети, обвинувајќи ги јужнокорејската и американската војска за започнување воени вежби што Пјонгјанг ги нарече „опасен провокативен чин“.
Околу 15.000 севернокорејски војници се борат на страната на Русија против Украина во последните месеци, што предизвика осуда од голем дел од светот.
Според јужнокорејските разузнавачки служби, 600 севернокорејски војници загинале во Курск борејќи се на страната на Русија.
Северна Кореја потпиша сеопфатен договор за стратешко партнерство со Русија во 2024 година, кој предвидуваше меѓусебна помош во случај на вооружен напад.