Северна Кореја ги осуди санцкиите на ОН како акт на војна

Сподели со своите пријатели

Последните санкции кои ОН ги прогласи против Северна Кореја претставуваат „акт на војна“ ојавило севернокорејското министерство за надворешни работи преку службената агенција KCNA.

– Во целост ги отфрламе последните санкции на ОН како насилен упад на сувереноста на нашата република и акт на војна кој ќе го уништи мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и регион, пренесува KCNA.

Советот за безбедност на Обединетите нации во петок едногласно воведе нови санцкии за Северна Кореја со кои се забранува изворз од оваа земја за околу 90% од нафтените производи, а извозот на сирова нафта се ограничува на милион барели годишно. Исто така наредено е враќање во тактковината на сите државјани на Северна Кореја кои работат во странство во рок од 12 месеци.

– САД целосно се престрашени од нашето историско остварување на државна нуклеарна сила, па се повеќе влегуваат во постапки со кои ни носат настроги санкции и вршат притисок врз нашата земја. Ние и натаму ќе ја зајакнуваме нашата одбрамбена сила кој има за цел искоренување на американската нуклеарна закана, уцени и непријателски постапки со воспоставување праткична рамнотежа на силите на САД, додава Пјонгјанг.

Резолуцијата за санкциите кои ги активираа САД и нејзините следбеници, Пјонгјант ги отфрла и ги дефинира како тешко кршење на сувереноста на земјат аи како акт на војна со кој се напаѓа мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и регионот.

Северна Кореја исто така предупредува дека оние кои гласале за резолуцијата ќе се соочат со гневот на официјален Пјонгјанг.

– Оние земји кои кренаа рака за резолуцијата за санкциите во целост се одговорни за сите последици кои ќе произлезат од таа резолуција и ние гарантираме дека засекогаш ќе платат висока цена за тоа што го направија, стои во соопштението.