Северна и Јужна Кореја со заеднички тим на Олимписките игри

Сподели со своите пријатели

Јужна и Северна Кореја договорија да формираат прв заеднички олимписки тим и спортистите на двете земји заедно да маршираат под едно знаме на церемонијата за отварањето на претстојните Зимски олимписки игри, соопшти денеска Сеул.

Јужнокорејското Министерство за обединување соопштило дека двете Кореи постигнале договор на денешните преговори во пограничното село Панмунџ.

Договорот предвидува заеднички марш на спортистите на двете земји под знамето на обединувањето кое го отсликува Корејскиот полуостров, на отварањето на ЗОИ во јужнокорејскиот Пјонгчанг, како и формирање единствен тим на женската репрезентација во хокеј на мраз.

ПЛАЧАТ И ВРЕСКААТ: Вака изгледа кога Ким Џонг Ун ќе мине крај жените (фото)

Loading...

Договорт мора да се потврди од страна на Меѓународниот олимписки комитет, а јужнокорејското Министерство за обединување наведува дека двет земји ќе разговараат со МОК овој викенд.

До затоплувањето на односите на двете земји дојде откако лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на 1. јануари најави во новогодишното обраќање, можност за учество на севернокорејските спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја.

Сеул веќе следнито ден одговори со предлог на 9. јануари да бидат продолжени официјалните преговори прекинати пред повеќе од две години.