ПЛАЧАТ И ВРЕСКААТ: Вака изгледа кога Ким Џонг Ун ќе мине крај жените (фото)

Сподели со своите пријатели

Музичките и ѕвездите од Холивуд, тргнете се на страна – титулата за најголем идол на планетата сепак го носи еден лидер.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун доживеа од народот такво воодушевување, радост и среќа што на тоа можат да му позавидат сите колеги.

Ким го посетил реновираниот Учителски тренинг центар во Пјонгјанг кој бил преполнс со студенти и вработени кои го чекале во холот.

 

Loading...

 

Стотици девојки во публиката од се срце му аплаудираат на Ким додека минува низ тренинг центарот, а некои од нив врескаат и плачат од среќа додека тој им се насменува.

Ким во друштво на познати соработници од државниот врв фрлил поглед на базенот во кој тренирале и репрезентативките на Северна Кореја.

 

 

Фотографиите од лидерот на Северна Кореја објавени се во ис момент кога американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја предупреди својата земја за опасност од удар од Пјонгјанг.

Колку Корејците го обожаваат својот лидер најдобро зборува фактот дека наводно „голтаат“ се што ќе им сервира, па дури и дека Ким може да ја контролира природата и времето.

 

Loading...

 

Домашните агенции објавиле неодамна фотографија на која се гледа Ким како стои на врвот на планината Пекту во лакирани кондури.

– Оба е убав и сончев ден без преседан. За него е заслужен нашиот командант кој ја контролира природата, објавила агенцијата KCNA.