Северен тек 1 би можел да биде неповратно уништен

Сподели со своите пријатели

Се зголемуваат стравувањата дека гасоводот Северен тек 1, кој се протега од Русија до Германија, би можел да биде трајно неупотреблив по драстичното оштетување на тој гасовод на дното на Балтичкото Море.

Loading...

Доколку истекувањето на гас во двата цевководи не се санираат многу брзо, големи количества морска вода што ќе навлезат во цевките ќе предизвикаат корозија, изјави извор од германската влада за весникот Тагесшпил.

Сеизмолозите вчера известија дека снимиле неколку експлозии во Балтичкото Море, по што биле откриени истекувања на гас од гасоводите Северен тек 1 и 2.

Истекувањето било забележано на три места во цевки исполнети со природен гас.

Иако рускиот гас во моментов не се испорачува во Европа преку гасоводите Северен тек, значителната штета на гасоводот значи дека е многу веројатно зимава да нема гас во Европа, дури и ако постои политичка волја за тоа, велат аналитичарите, објави Sky News.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.