Серија земјотреси го тресат Дојран, утринава најсилниот

Сподели со своите пријатели

Серијата на земјотреси, кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, а која започна од синојка продолжи и потатаму.

Како што информираат од сеизмолошкта станица при Природно-математичкиот факултет, овие земјотреси се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија и утринава на 2.1.2018 година се случи најсилниот земјотрес од оваа серијата во 5 часот и 24 минути. Тој беше на 145 km југоисточно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 4,8 а беше најсилно почувствуван од населението во југоисточниот дел на Република Македонија и тоа во Дојран со интензитет од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Стумица со интензитет од VI степени, во Кавадарци, Радовиш, Берово со V степени според истата скала.

Според досегашните податоци земјотресот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.

Овој земјотрес почувствуван е и од населението од соседните Грција и Бугарија.

Вчеравечер се регистрирани низа земјотреси во дојранско.

Loading...

Во 23 часот и 13 минути беше со Рихтерова магнитуда од 3.7 и беше почувствуван во Дојран со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Стумица со интензитет од III степени според истата скала.

Додека следните земјотреси во:
 23 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда од 3.3;
 23 часот и 19 минути со Рихтерова магнитуда од 2.9;
 23 часот и 13 минути со Рихтерова магнитуда од 3.1;

беа почувствувани во југоисточниот дел на Републиката со иинтензитет од III степени според истата скала.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.