Септемвриската плата за вработените во образованието повисока за 15%,

Сподели со своите пријатели

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.   

Loading...

Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Упатство за гласање на претседателските избори

Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.

Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.  

Интегрално соопштение: Министерство за образование и наука