Септемвриската инфлација во еврозоната 9,9 отсто

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во еврозоната порасна во септември на рекордни 9,9 отсто на годишно ниво од нивото од 9,1 отсто во август, објави заводот за статистика на Европската унија, Евростат.

Loading...

Минатиот месец потрошувачките цени во ЕУ го забрзаа својот годишен раст на 10,9 отсто во однос на 10,1 отсто во август, пренесува Танјуг.

Во септември најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Франција од 6,2 отсто, во Малта 7,4 отсто и во Финска со 8,4 отсто, додека највисоки стапки се забележани во Естонија со 24,1 отсто, Литванија 22,5 отсто и Летонија со 22 отсто.

Во споредба со август, инфлацијата на годишно ниво опадна во шест земји-членки на ЕУ, остана непроменета во една земја, а се зголеми во 20 земји-членки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја ќе ги направи жителите помлади

Во еврозоната, цените на енергијата забележаа најголем годишен раст во септември, 40,7 отсто, а свежата храна 12,7 отсто.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.