Откако вчера несовесните граѓани ги искинаа жолтите траки наменски поставени од градежната инспекција како предупредување за можно рушење на дотраената куќа на ул. Ленинова, денес траките беа обновени и повторно е запрена фреквенција на патници и возила во тој дел од градот.
Како што денес информираше раководителот на Секторот за урбанизам при Општина Куманово, Лидија Ланг – Спасовска, семејната куќа ќе мора да ја сруши семејството сопственик на објектот, и тоа во рок од еден месец.
Семејството во меѓувреме ќе мора да изготви градежен елаборат, кој ќе биде поднесен до Катастар Куманово, а потоа да пристапи кон рушење на објектот кој датира од минатиот век.
На потегот на ”Опинчарски сокак” , постојат повеќе куќи кои датираат од времето кога овој дел од градот бил главна сообраќајница и место каде се продавале занаетчиски производи, со народе ан, во кој останувале трговските патници кои ги продавале производите низ Куманово.