Семејствата ги посетија уапсените од акцијата во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Припадници на вооружената група кои доѓаат од Косово, денеска во истражниот затвор во Шутка биле посетени од нивните најблиски, јавува АЛСАТ -М. За да го остварат ова право, тие требале да чекаат со часови поради долгите бирократски процедури.

Loading...

Роднините на уапсените затворот го напуштиле збунети и зачудени од состојбата која ја виделе внатре. Во болка, тие молат да не бидат снимени со камери и не сакале да дадат изјави за АЛСАТ – М, бидејќи како што изјавиле, тие се плашеле дека нема да им биде дозволена следната посета. Единствениот кој прифатил да зборува пред камери, бил роднината на Фејзула Рушитовски од Брест, скопска Црна Гора. Тој изјави дека неговото семејство неколку пати било спречено да го посети Фејзула.

„Денеска пак дојдовме, но ни рекоа не може, дојдете во петок. Ни дозволија само да оставиме пет килограми храна и алишта. Тоа го оставивме. Веќе четири часа сме тука, од седум утрово. Не знаеме ништо, не знаеме дали е жив или мртов. 10 дена не знаеме ништо. Од Алсат М дознавме дека е уапсен, но не знаеме дали воопшто бил таму или не. Некој вели дека ги малтретирале многу, некој вели не, но ние не знаеме ништо, бидејќи уште не сме го виделе“, вели роднина на Фејзула Рушитовски.

Адвокатката на шестмина уапсени, петмина од Косово и еден од Македонија, за АЛСАТ – М изјавила дека судот дозволил да ги посети своите клиенти и дека наскоро ќе информира за нивната состојба. Таа потврдила дека е побаран лекарски третман за еден од нејзините клиенти, на кого не му го спомнала името. Полициската тортура ја потврдил и Народниот правобранител, кој изјавил дека поднел кривична пријава за малтретирање на полицаецот од Куманово, за кој се сомнева дека и помогнал на вооружената група. И Народниот правобранител не ги видел сите уапсени, бидејќи раководството на затворот не му дало дозвола за тоа.

„Малтретирањето се случило откако судијата му одредил мерка притвор. Во однос на состојбата на останатите, тие што ги посетивме, видовме дека имаат повреди. Приоритет е нивната здравствена состојба. Тие имаат повреди, но постапката за да се стигне до докази дека се малтретирани е многу сложена. Раководството на затворот почна да ја попречува работата на Народниот правобранител, односно не ни се дозволува да продолжиме со посетите. Но, верувам дека после моите реакции и по оваа јавна критика, ќе ни биде дозволено да ги посетиме сите“, изјави Иџет Мемети, Народен правобранител, се вели во прилогот на АЛСАТ – М.

Според податоците на косовското МВР, досега официјално се знае дека се убиени девет косовски државјани, а 21 се уапсени.

Фото: Алсат – М

Loading...

Leave a Reply