Селмајер: Граѓаните на Европа ќе имаат безбедна вакцина

Сподели со своите пријатели

Шефот на претставништвото на Европската комисија во Австрија, Мартин Селмајер, во дебата на австрискиот јавен сервис ОРФ изјави дека граѓаните во Европа ќе добијат безбедна вакцина.

Loading...

Селмајер во текот на дебатата подвлече дека граѓаните во Европа ќе имаат „безбедна вакцина“, бидејќи  идната вакцина „ќе ги мине сите фази на тестирање“.

Истовремено, тој ги намали очекувањата дека вакцината брзо ќе биде достапна за целото население.

-Со „Ковакс“ имаме глобална иницијатива за развој и фер дистрибуција на вакцината, објасни тој во дебатата, додавајќи дека ќе биде потребно време за дистрибуција на вакцината и дека е потребно да се биде трпелив.

Ризичните групи од населението и медицинскиот персонал, подвлече Селмаер, први ќе ја примат вакцината.

Селмајер подвлече дека ЕУ не ги затвори границите, но националните влади го сторија тоа, додавајќи дека е задоволен што се преземени соодветни мерки во втората фаза на кризата.

Сашко Димевски


Leave a Reply