„Секс, лага и љубомора“ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Секс, лага и љубомора“ вечерва ќе биде одиграна во рамките на овогодинешното издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за претстава на Театар „Антон Панов“ од Струмица која ќе се игра според текстот на Марк Камолети.

Под режисерската палка на Синиша Евтимов, вечерва на сцената улогите ќе ги играат Стојан Трн Велков, Анкица Бенинова, Коста Ангов, Јулија Милкова, Танкица Стојанова и Јасмина Вучкова.

Станува збор за текст напишан во 60тите години од минатиот век и до денешен ден и повеќе од успешно живее на сцените ширум светот.

Камолети, како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Заплетот е многу едноставен и е проектиран околу животите на два современи брачни парови, кои се испреплетени на необичен начин.

Емоционална вртелешка, полна со интриги, замени на идентитет, инуендо, љубомора. Приказната се развива со филмски ритам, на едно единствено место, раскошниот апартман на еден од горе споменатите брачни парови.

Станува збор за успешни и реализирани луѓе, на професионален план, но емоционално, сосема незрели, па ттаму и проблемите кои се напластуваат.

Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу имптровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа.

Loading...

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, кои го стартуваат „joite de vivre“.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply