Сеизмолог: Една од експлозиите на гасоводот одговара на 100 килограми динамит

Сподели со своите пријатели

Една од експлозиите на дното на Балтичкото Море во близина на гасоводот Северен тек е еквивалентна на експлозија на повеќе од 100 килограми динамит, изјави сеизмолог од шведскиот универзитет во Упсала.

Loading...

Да потсетиме, во четвртокот сеизмолозите открија неколку експлозии на дното на Балтичкото Море, а веднаш по нив беше откриено значително истекување на гас од гасоводи кои се протегаат од Русија до Германија.

Западот сугерира дека тоа е саботажа

Неколку европски и американски високи функционери сугерираат дека тоа е саботажа во енергетската војна меѓу Русија и Западот што го предизвика рускиот напад врз Украина.

На цевководите Северен тек 1 и 2 се откриени три истекувања на гас. Во тие гасоводи има гас, но Русија не го испорачува во Европа. Се уште не е утврдена точната причина за експлозиите.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.