СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Бил Гејтс повеќе не е најбогатиот човек во светот

Сподели со своите пријатели

Официјално Џеф Безос е најбогатиот човек на сите времиња затоа што неговото богатство достигна вредност од неверојатни 105,5 милијарди долари.

Поголемиот дел од неговото богатство доаѓа од Амазон, акциите на компанијата вчера скокнаа за 1,4 отсто и додадоа околу 1,4 милијарди долари во неговото салдо.

МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

Loading...

Иако е најпознат по основањето на компанијата Амазон, како и многу други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на „Вашингтон пост“ и „Блу ориџин“, која пак се занимава со приватни патувања во вселената.

Заработил невидено богатсво, но сепак вели дека не го започнал Амазон само за да се збогати.

– Занев дека кога ќе наполнам 89 години нема да зажалам поради сево ова. Ќе зажалев да не пробав да учествувам во таа работа која се нарекува интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто гилемо, ркол во едно интервју пред неколку години.

Неговото богатство во 2017 година се зголеми за 32,6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на индексот на милијардери на Блумберг на кој второто место со 89,1 милијарди долари го има Бил Гејтс.

Со зголемување на богатството на шефот на Амазон, се поставува прашањето што има намера да направи со парите. За разлика од Гејтс или американскиот инвеститор Ворен Бафет, Безос засега се откажа од релативно мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.

Шефот на Амазон дури однеодамна се посвети на филантропијата. Во јуни преку Твитер побара совети за тоа како најдобро да им помогне на другите. Од 2002 година, Безос поделил акции на Амазон во вредност од околу 500 милиони долари, пресметал Блумберг.

Доколку Гејтс не подели скоро 700 милиони долари вредно акции на Мајрософт и три милијарди долари за хуманитарни организации, тој денеска би бил првиот на листата најбогати во светот, тежок околу 150 милијарди долари.