МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

Сподели со своите пријатели

Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со своите 88,3 милијарди долари е вториот најбогат човек во Америка, веднаш по Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“. Затоа не е за изненадување дека еден од најбогатите луѓе во светот може да има екстравагантна куќа, пишува „Бизнис инсајдер“.

 

Loading...

 

На Гејтс му беа потребни 7 години и 63 милиони за да го уреди својот имот „Ксанада 2.0“ во Медина, Вашингтон, именувана по фиктивната куќа на Чалрс Фостер Кејн, главниот лик на романот „Граѓанинот Кејн“.

 

Имотот кој Гејтс го има купено во 1988 година за два милиони долари, денеска вреди 124,99 милиони. Гејтс оваа година платил данок на имот од милион долари.

Куќата има 10 бањи и 14 тоалети, 6 кујни, како и соба со трамполина и плафон висок шест метри. Тука е и домашно кино за 20 гости со плишани седишта, направено во арт деко стил, со удобни седишта и машина за пуканки.

 

 

Loading...

Куќата е направена од 500 години стари елки, а на изградбата работеле 300 градежни работници, од кои 100 електричари.

Гејтс има и омилено дрво – јавор стар 40 години кој се наоѓа близу приодот до куќата. Го надгледува компјутер и ако тоа стане премногу суво, водата автоматски се полива. Тука е и вештачки поток полн со лосос и пастрмка.

 

 

„Ксанаду 2.0“ е куќа вградена во околината за да ефективно влијае на зачувување на топлината и ја регулира температурата генерално поефикасно.

Интересно е што некој еднаш платил 35.000 долари само за да ја посети куќата.

 

 

„Мајкрософт“ секоја година организира аукција на која вработените донираат производи и услуги поради продажба во хуманитарни цели. Гејтс така еднаш донирал приватна турнеја по својат акуќа, а непознат работник на „Мајкрософт“ платил 35.000 долари за да ја посети.

Куќата за гости е голема 580 метри квадратни и првиот довршен објект на имотот. Куќата, која има своја спална соба и бања, требала да послужи како проба за технологиите кои ќе се најдат во главната куќа. Гејтс поголемиот дел од својата книга „The Road Ahead“ од 1995 година ја напишал во куќата за гости.

 

Loading...

 

Со своите 20.000 квадратни метри, имотот на Гејтс е многу софистициран и со технолошки делати. Низ куќата се поставени компјутерски екрани вредни 80.000 долари, на кои стојат неговите омилени слики или фотографии, сочувани на уреди вредни 150.000 долари.

 

 

Гостите на гејтс добиваат пин код, кој е во интеркација со сензорите поставени ширум куќата. Со помош на кодот гостите ја подесуваат температурата и светлото, а тие поставки ги следи нивното движење низ куќата. Благодарение на звучниците зад тапетите, музиката ги следи гостите од соба во соба.

 

 

Во библиотеката на Гејтс со големина од 650 квадрати, се наоѓаат две тајни полици со книги, од кои едната води во сокриен бар. На плафонот е напишан цитат од „Големиот Гетсби“: „Мина долг пат до својот син травник и неговиот сон мора да делува така близу да тешко може да промаши и да не го дофати“. Во библиотеката се наоѓа и Кодес Лестер, ракопис на Леонардо да Винчи до 16 век за кој Гејтс на уакција во 1994 година платил 30,8 милиони долари.

 

Loading...

 

Има базен со сопствен подземен музички систем, долг е 18 метри и сместен во посебна зграда од 1.188 квадратни метри. Луѓето во базенот можат да пливаат под стаклениот ѕид и да излезат на надворешниот балкон. Тука е и пресоблекувална со 4 туша и 2 кади.

 

 

Сала од 700 квадрати во која може да се приреди вечера за 150 луѓе кои седат или 200 кои стојат на коктел забава. Тука е сместен камин широк 2 метри, на едниот ѕид, додека на другиот широк екран од 7 метри.

 

Loading...

 

Секоја година од островската држава Света Луција се испорачува голема количина карипски песок за брегот на езерото на неговиот имот.

 

 

Loading...

Гаражите на Гејтс имаат простор за 23 автомобили. Најинтересна е подземната пештерска гаража од бетон и непробоен челик. Само во неа има место за 10 возила. Дел од бетонот намерно е искршен за да пештерата добие груб изглед. Гејтс е познат како љубител на автомобили – по првиот успех на „Мајкрософт“ се почестил со „Порше 911“.