Седумте заразени со коронавирус се стабилни, 12 се тестираат

Сподели со своите пријатели

Седумте заразени пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни и фибрилни болести во Скопје се во стабилна состојба и со лесна клиничка слика, но 12 други во овој момент се тестираат, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција одржана напладне.

Loading...

– Во моментот се тестираат 12 пациенти, двајца на Инфективната клиника со знаци на грип и двајцат апатувале во Италија и дошле здрави пред 5-6 дена, утрово развиле симптоми и се земени материјали. Осум лица од Дебар кои се соседи на тројцата заболени пациенти хоспитализирани пред неколку дена, жиеат во куќа лепенка и имале интензивен контакт. Уште двајца пациенти еден од Инфективно одделение во Штип пациенто со знаци на грип од Кочани кој патувал од Италија и еден од ЦЗЈ во Прилеп. За два часа резултатите ќе бидат готови и ќе ја информираме јавноста, изјави Филипче.

Во однос на препораките, министерот рече дека отсуството на еден родител кој има дете до 10 години од работните обврски е задолжително и за државните и за приватните компании.

– Отсуството работникот го регулира со потврда од градинка на име на родителот со назнака на времето за ое важи , во однос на прекинот на работа на Днвени центри за лица со попреченост ослободувањето од работните активности на децата со попреченост е проширено и на овие лица до 26 годишна возраст, важат и за лица и деца кои се во Центри за попреченост, исто да им се даде потврда дека се корисници на таа услуга, додава Филипче.

Ова единствено не важи за вработени во областа на здравство, полиција и војска, но доколку двајца од родителите се во ист сектор, тогаш едниот ќе биде ослободен од работните обврски.

Сите кои нема да го почитуваат ова правило ќе бидат казнети според одредбите 205 и 206 од Законот за опасност од ширење заразни болести.

Првата заболена пациентка во држава, информира Филипче, е веќе излекувана, тестот покажал негативни резултати и истата ќе биде пуштена дома.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply