Седумгодишно дете во Америка со огнено оружје уби петгодишник

Сподели со своите пријатели

Седумгодишно момче застрелало и убил 5-годишно дете во дом во источниот дел на Кентаки, соопшти полицијата.

Loading...

Во соопштението за медиумите тие наведуваат и дека досегашната истрага укажува дека пукањето, кое било пријавено во понеделникот вечерта во куќа во градот Мекки, било случајно.

Идентитетот на инволвираните не е објавен

Службите за итни случаи се обиделе да го спасат животот на детето, но судскиот вештак на округот Џексон на крајот констатирал смрт на детето, јавува Асошиетед прес.

Полицијата соопшти дека истрагата продолжува и не сака да го открие идентитетот на инволвираните во инцидентот.

Непрофитната организација Everytown for Gun Safety наведува дека оваа година во САД имало повеќе од 150 инциденти во кои деца случајно се застрелале.

Споменатите инциденти резултираа со најмалку 58 смртни случаи и 101 повредени.

Кентаки нема закони кои дозволуваат казнување на оние кои оставаат огнено оружје без надзор.

Сепак, федералната влада забранува секој „намерно, свесно или непромислено“ да му дава пиштол на малолетно лице, освен ако на малолетникот законски не му е дозволено да го поседува пиштолот.

Loading...