Седум начини за природно јакнење на имунитетот

Сподели со своите пријатели

Ако сакате да го зајакнете имунитетот, здравата исхрана ќе ви помогне многу, но има уште што да направите за да помогнете на природен начин.

Loading...

Прочитајте и навики кои го уништуваат имунитетот и правилна употреба на додатоци како витамин Д и цинк!

  1. Спиење

Недоволниот сон одамна е поврзан со поголема подложност на инфекции. Во една студија спроведена на 164 возрасни лица, оние кои спиеле повеќе од шест часа на ден, имале многу помали шанси да заболат од вирус и настинка.

Ако сакате да го подобрите квалитетот на спиењето, знајте дека на возрасен човек му требаат најмалку седум часа сон и прочитајте што треба да јадете пред да одите во кревет.

  1. Јадете овошје и зеленчук

Цели растенија како овошје, зеленчук, ореви и мешунки се богати со антиоксиданти и други здрави состојки кои му помагаат на телото да се одбрани од патогени микроорганизми.

Антиоксидансите ќе ги заштитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали, а со тоа и воспалителни процеси кои се во срцето на многу болести како што се срцеви заболувања, Алцхајмер…

Растенијата се полни и со растителни влакна, што е важно за нормално функционирање на здрави бактерии во нашиот дигестивен систем, а многу од нив содржат и многу важен витамин Ц.

  1. Јадете здрави масти

Тие го намалуваат воспалението и со тоа му овозможуваат на организмот „посилен“ напад на натрапниците. Ниските нивоа на воспалителни процеси се нормални, но проблемот е кога тие ќе се развијат во хронични воспаленија што можат да го оштетат имунитетот.

Loading...

Маслиновото масло, како и омега-3 масните киселини, како оние што ги има во рибите и чиа семето, исто така се борат против воспалението.

  1. Јадете повеќе кисели краставички и пијте јогурт

Ферментираната храна е полна со пробиотици кои им помагаат на здравите бактерии да ја завршат својата „работа“. Секој ден на вашата трпеза имајте кисела зелка или краставици, јогурт, кефир и друга храна полна со природни пробиотици.

  1. Ограничете го внесувањето на додаден шеќер

Додавањето шеќер и рафинирани јаглехидрати дебелат, а прекумерната тежина не е добар сојузник ако се обидуваме да се заштитиме од вируси и бактерии.

Дебелината, дијабетесот тип 2 и срцевите заболувања се фактори кои го оштетуваат имунитетот, па затоа ограничете го внесувањето шеќер на помалку од пет проценти од дневните калории што ги внесувате.

На пример, ако јадете 2.000 калории, можете да јадете две лажици шеќер на ден.

  1. Вежбајте, но во умерени количини

Прекумерното вежбање всушност може да го оштети имунитетот, но умерено и паметно вежбање ќе му помогне.

Физичката активност помага во обновување на имуните клетки и го намалува воспалението и се советува најмалку 150 минути неделно.

  1. Пијте вода

Не, водата нема да ве заштити од ништо друго освен од дехидрација, но таа е многу важна.

Loading...

Ако не пиете доволно течности, може да добиете главоболки, дигестивни проблеми, па дури и проблеми со срцето или бубрезите, а сите овие компликации можат да доведат до зголемена подложност на болести.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *