13.05.2015 09:31

Седница на Собрание за избор на нови министри за внатрешни и транспорт


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50-та седница на која на дневен ред е Предлогот за избор на нови членови на Владата. Седницата беше закажана откако синоќа премиерот Никола Груевски до законодавниот дом достави предлог нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски да бидат Митко Чавков и Владо Мисајловски.

Претходно Груевски ги прифати оставките на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

loading...

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата ја закажа за 13:00 часот. Се очекува Собранието да ги констатира оставките на двајцата министри, по што претседателот на Владата ќе го образложи својот предлог доставен до законодавниот дом. Новите министри ќе бидат изгласани доколку предлогот биде прифатен од мнозинството од вкупниот број на пратеници.

Митко Чавков, кој е предложен за министер за внатрешни работи, е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, додека Владо Мисајловски, предложен за прв човек во Министерството за транспорт и врски, е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments