Се зголемува бројот на хоспитализирани од Ковид-19, вчера регистрирани 393 случаи и четворица починати

Сподели со своите пријатели

Се зголемува бројот на хоспитализирани од Ковид-19, а на Инфективната клиника има слободни уште десетина кревети. Министерството за здравство ја подготвува и модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември“ за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга.

Loading...

И вчера, како и во претходните денови беа регистрирани голем број заразени, поточно 393 од 2464 тестирања и четворица починати.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека очекува зголемените ингеренции на инспекторите и новите рестриктивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести да помогнат во намалување на ширењето на вирусот.

Ако Ковид-19 продолжи да се шири, тогаш ќе следи целосен карантин, предупреди Филипче.

Рестриктивните мерки треба да се најдат на седница на Влада во вторник, а за предлогот на Комисијата да не се собираат повеќе од четири лица во нечиј дом, министерот Филипче рече дека за него ќе се консултираат со прави експери во каква форма тоа ќе биде препорачано или забрането, каков ќе биде начинот на контрола.

– Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни одделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече министерот за здравство.

Доколку се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, министерот за здравство не ја исклучи можноста и за затворање на училиштата и градинките или во некои општини и региони согласно епидемиолошката слика.

– Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор дојде вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче.

Loading...

Во претходното деноноќие биле направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на Ковид-19, четири лица починале, а оздравеле 90 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болнички услови починаа четири лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).

Од новите случаи најмногу регистрирани има во Скопје-189.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20 555, бројката на оздравени пациенти е 16 099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3671.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје активни 1586, Куманово 168, Штип 101, Прилеп 155, Тетово 213, Струга 58, Битола 97, Кавадарци 55, Гостивар 69, Гевгелија 91 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 245, Кочани 220, Делчево 92 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Свети Николе 65. Во другите градови има под 50 заразени.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Loading...

Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје: Чаир – 83, Гази Баба – 163, Аеродром – 282, Карпош – 276, Центар – 288, Кисела Вода – 178, Ѓорче Петров – 129, Бутел – 62, Илинден – 33. Во другите општини има под 20 заразени.

За неносење заштитна маска, полицијата во текот на претходното деноноќие на територијата на целата држава регистрирала 733 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата заради справување со КОВИД-19.

Ирена Радовановиќ


Leave a Reply