Се затвора Одделението на пазарна инспекција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Одделението за пазарен инспекциски надзор во Куманово се затвора, откако еден од инспекторите е позитивен на коронавирус, рече директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес конференција.

Loading...

–  Денес во Куманово ќе мора целокупното одделение да го затвориме, бидејќи еден од вработените е позитивен на Ковид-19. Се правиме да ги заштитиме инспекторите и оние кои правилно ги почитуваат мерките и протоколите на Владата, рече Пауновски.

Како што информираше Пауновски, од четврток до сега, Државниот пазарен инспекторат има поднесено 28 кривични и 38 прекршочни пријави против угостители кои не ги почитуваат мерките.

Никола Ивановски

Leave a Reply