Сè уште трае забраната за движење низ шума – за прекршителите високи глоби

Сподели со своите пријатели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потсетува дека е забрането палење на секакви стрништа, плвевели и други видови отпадоци на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од шумски пожари. Доколку оваа забрана не се почитува предвидена е казна од 2000 евра во денарска противредност.

Loading...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува граѓаните дека се уште е во сила ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси.

Ограничувањето важи за сите, од 22 јули до 5 август 2015 година во термин од 7:00 до 17 часот, освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

– Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ниту за организирана тура туристи кои ги разгледуваат шумите и националните паркови во придружба на претстваник од „Македонски шуми” или Националните паркови, нагласува МЗШВ.

За непочитување на забраната, физичките лица затекнати во шума без дозвола ќе бидат казнети со глоба од 1.500 до 2.000 евра..

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми” со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово” , „Пелистер” и „Галичица”; ЈПУЗПП „Јасен” – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.