Се урна мост во Кина, најмалку две лица загинаа, тројца исчезнати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати откако баржа удри во мост на реката Перл во близина на кинескиот град Гуангжу, кој потоа се урна, јавија денеска кинеските медиуми.

Loading...

Неколку возила, меѓу кои и автобус, паднале во водата, а некои паднале и на баржата.

Локалните власти во Гуангжу соопштија дека баржа која се движела од Фошан кон јужниот дел на Гуангжу удрил во мостот околу 5:30 часот по локално време, објави Ројтерс.

Снимката од видео надзор покажува празна баржа помеѓу два столба на мостот, додека дел од коловозот недостасува.

Од мостот паднале четири возила и електромотор.

Автобусот во кој бил само возачот и уште едно возило паднале во водата, додека останатите три паднале на баржата.

Две лица загинаа, еден член на екипажот на баржата е повреден, а уште двајца се спасени, јави CCTV.

Три лица се водат како исчезнати, а по нив трагаат шест нуркачи и неколку чамци за спасување.

Loading...

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на сите пловни објекти им се препорачува да користат алтернативни рути за навигација.

Мостот е главната транспортна рута за жителите на островот Санмин, а властите велат дека е достапен траект за жителите на островот, пренесува Танјуг.