Се тестираат 30 лица за коронавирус, едно и од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет лица моментално се тестираат дали имаат присуство на коронавирусот, а едно од нив е од Куманово.

Loading...

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, жител на Куманово и двајца на Скопје во текот на денот дале примероци за анализа, додека сите останати се од Дебар.

Новите четири регистрирани во текот на денешниот ден се од Скопје и сите биле во контакт со лицата кои беа хоспитализирани во вчерашниот ден, информираше министерот. Вкупната бројка на регистрирани случаи е 35.

– Сите се со лесна клиничка слика. Стабилна е ситуацијата на сите пациенти на Клиниката за инфективни болести, на пациентите во Дебар исто така, стабилна е состојбата и на пациентката која е на респираторна машина, нема знаци за влошување на нејзината состојба, изјави Филипче.

Во овој момент има околу 1.500 тестови, околу 1.000 се нарачани, а уште толку ќе бидат донирани. Толкава е и бројката која може да се добива неделно, поради зголемената побарувачка. Досега, околу 400 тестови биле направени во државата.

Авионот кој вчеравечер слетал од Брисел донел 12 патници во земјава и сите биле тестирани, а резултатите биле негативни. Сепак сите тие ќе бидат во задолжителна домашна изолација.

– Вчера преку Деве Баир стигна група од 10 лица, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта вчера и утрово се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката, заради тоа што е можно да пристгниат и повеќе луѓе, ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека условите таму се лоши и веднаш преземавме мерки за нивно префрлање, се надевам дека ќе имаат разбирање, појасни министерот.

Во однос на залихи на крв, прашање кое го отвори утринава и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, министерот вели дека има доволно крв во институциите, затоа што се вршат само итни медицински зафати.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply