СЕ СЛУШААТ ДЕТОНАЦИИ: Голем пожар во хрватска фабрика (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем пожар избил во петок навечер во изложбениот, производениот и складишен простор на фирмата „Елград“ во Ријека, Хрватска.

На местото на несреќата се бројни пожарникарски екипи од Ријека и Опатија кои настојуваат да го спречат пожарот, пренесуваат хрватските медиуми.

„Елград“ е компанија која се занимава со производство на мебел од оплеменета иверица па складишниот и изложниот дел биле преполни со лесно запалив материјал кој го зафатил огнот.

Според неофицијални информации, пожарот се проширил и на соседното складиште, а се слушнале и детонации откако пожарот зафатил плински боци.

Огнот од засега непознати причини избувнал во складиштето изградено претежно од пластични материјали што дополнително го отежнува гаснењето, пишуваат локалните портали.

Loading...

Leave a Reply