Се шегувала со сопругот дека добила на лото, по три недели навистина станале милионери (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британката Шарлог Парт (28) сакала да се шегува со сопругот, па му рекла дека на лотарија добила 250.000 фунти, но вистинското изненадување следувало три недели подоцна, кога навистина освоила милион фунти.

На американската лотарија се чека добитникот на 1,3 милијарди долари

Сепак, Даниел парт не и поверувал на сопругата кога го повикала со желба да го израдува, пренесува Гардијан.

– Не и поверував затоа што обично се обидуваме да се прелажеме еден со друг со слични шеги, рекол Даниел, кој на својата сопруга и поверувал дури кога му испратила фотографија од пораката со која била известена дека ја освоила премијата, а тогаш се шокирал.

– Не ми веруваше. Само рече дека не може да зборува со мене, рекла Шарлог, која освоила пари уплатувајќи со последните 1,5 фунта на онлајн профилот за играње лотарија.

Даниел и шарлог имаат три деца и живеат во трособен стан близу питербор, а сега сакаат да купат поголема куќа и имот во близина.

Се запознале на училиште и во брак се веќе пет години, а децата по дибвката засега ги „разгалиле“ со ховерборд и конзола за видео игри.

Со 20 долари најдени на под уплатил и освоил милион на лотарија

Даниел се надева дека неочекуваните пари ќе им донесат финансиска сигурност.

– Најважно е тоа што имаме можност да минуваме повеќе време заедно и што не мораме постојано да се грижиме.

Leave a Reply