Се разбудил во мртовечница па продолжил да си пие со пријателите

Сподели со своите пријатели

Еден Русин завршил „мртов“ пијан во мртовечница, каде се разбудил па продолжил да пие со своите пријатели кои веќе ја оплакувале неговата смрт.

Руските медиуми објавиле дека мажот наизглед преминал откако се опил со пријателиет. Тие повикале полицијата, а полицијата повикала медицинска екипа која телото го префрлила во мртовечница. Мажот таму „оживеал“.

Детективот Алексеј Стојев рекол дека мртовечницата била препоплна со некои тела, вклучувајќи го и телото на овој маж, кое било на подот.

Во еден момент мажот се разбудил и не разбирал каде е. Било многу мрачно и студено, а мозокот му бил поматен од алкохол. Во мракот почувствувал нечии ладни екстремитети па исплашен се затрчал кон вратата. Но, биле заклучени. Мажот зпаочнал со сета своја сила да удира по нив – вели Стојев.

Преплашената вработена повикала полицијата, а тие најпрвин наводно не и поверувале. Меѓутоа, на крајот стигнале и ја отвориле вратата. Спасениот маж продолжил да пие со своите пријатели од кои еден се онесвестил кога го видел.