Во Токио цветаат црешите, Амстердам има полиња со лалиња, Париз крстање по Сена, а канадската провинција Манитоба има своја застрашуавчка атракција – десетици илјади „вљубени“ змии.
Иако манитобиската туристичка агенција не рекламира „Нарцисов танц на змиите“, како на пример, канадскиот Музеј за човекови права, ритуалот за парење на црвеностраните змии успева да привлече илјадници луѓе секоја година.
Областа околу Нарцис јамата е толку привлечна за змиите, па многу земјоделци ја напуштиле пред неколку децении. Нејзиниот тенок површински слој лежи преку варовник, кој со времето еродирал создавајќи мрежа од мали пештери идеални за „љубовни гнезда“ на змиите.
Честите дождови и студенилото ги држат змиите под земја, но тие секоја пролет на десет дена излегуваат на површината да го „прослават“ топлото време, пишува Њујорк тајмс.
Мистериозен остров на змии во Бразил (ВИДЕО)
– Тоа веројатно е најголемата концентрација на змии во светот. Неверојатно е колку луѓе сакаат да ги видат, тие се вистински амбасадори во светот на рептилите, рекол РОбер Мејсон, професор на Универзитетот во Орегон.
Манитобската служба за диви животни воспоставила парк за „танц на змиите“ кој е дом на околу 70.000 влекачи.
Како изгледа кога две змии ќе се „затепаат“? (ВИДЕО)
Овие змии, инаку безопасни за луѓето, излегуваат на површината од јамите за да се парат. Од далеку изгледа како просторот да е прекриен со зелена вегетација, но одблизу се гледа дека станува збор за испреплетени змии со должина до 50 сантиметри.
Пет змии кои се најчести домашни миленици
– Во почетокот бев малку гадлива затоа што изгледаат како лигав тепих, но кога ќе кренете една, сфатите дека тие се нежи и преубави суштества, рекла Џенет Сустрик, која годинава со мажот прв пат го набљудувала ритуалот на парење.
Фото: Јутјуб принтскрин