08.09.2018 02:58

Пет змии кои се најчести домашни миленици


Доколку сакате во својот дом да доведете змија како домашен миленик, прва пречка за остварување на таа цел ќе биде која змија да ја изберете. Змиите се благодарни домашни миленици, затоа што грижата за нив е многу лесна, а змиите можат да делуваат релаксирачки.

Овие пет видови змии можат да бидат идеални за почетникот кој сака да се грижи за нив.

Пченкарен смок

Пред да питонот да ја преземе улогата на омилена змија миленик, пченкарниот смок бил најпопуларниот вид змија за држање во домот. Та ане бара големо внимание и грижењето за неа е многу лесно. Убави се, со многу бои на себе. Оваа змија расте од 1,2 до 1,6 метри и чини од 15 до 20 евра. Доловечни се (живеат повеќе од 10 години) и не им е потребен голем простор за живот, терариум од 70 литри со поклопувач им е сосема доволен.

Одлучи да стави питон на глава, но на змијата тоа не и се допадна (ВИДЕО)

Калифорниска кралска змија

Калифорниската кралска змија е многу популарна кај љубителите на овие рептили и може да расте до 1,6 метри должина. Бара идентични услови за чување како и пченкарниот смок и исто така му е доволен терариум од 70 литри. Може да се пронајде во различни бои, чести комбинации се белата и црната, но неретки се и браон и жолти пруги на оваа змија. Се храни со глодари, а името „кралска“ го добила поради тоа што е добар ловец и што лови други змии. Цената на овој рептил е околу 30 евра.

Розова боа

Розовата боа е многу интересен вид змија. Има долг животен век и може да живее и 20 години. Природно се мали змии со просек од еден метар. Цената им изнесува од 35 до 40 евра и многу се интересни. Потребен е простор на терариум со волумен од 50 до 70 литри. И оваа земија, како и претходните две бараат температура на терариумот помеѓу 28 и 30 степени целизусови.

Гофер

Многу интересен вид кој може да биде со различен изглед. Може да се пронајде по цени во просек од 50 евра и расте од еден до два метри. Во заложништво може да живее и до 15 години и потребен му е терариум со волумен од најмалку 100 литри. Во него добро е да имате парчиња дрво во форма на гранки. Идеалната температура во терариумот за чување на оваа змија е од 27 до 30 степени целзиусови.

ГИ ИМА САМО 12 ВО СВЕТОТ: Виенска зоолошка успеа да одгледа редок вид змија

loading...

Топчест питон

Оваа змија моментално е најпопуларната во светот, пред се поради огромните комбинации во кои може да се пронајде. Растат во должина од 3 до 5 метри и можат да живеат дури три децении. Терариумот од 100 литри би им бил соодветен и добро е да се постават парчиња дрва во него. Цената им е во просек од 70 до 100 евра. Температурата на терариумот треба да е нешто поголема во однос на останатите змии и треба да биде од 32 до 35 степени.

Доколку сакате змија за домашен миленик, ова се најпопуларните видови кои сопствениците ги одгледуваат. Погрижете се за своите змии и со нив постапувајте со целосно внимание и љубов, а така ќе уживате и во одгледувањето на овој рептил.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments