Се претставиле како кинески службеници за безбедност, па измамиле старица за 32 милиони долари

Сподели со своите пријатели

90-годишна жена од Хонг Конг, на која криминалци и се претставиле како кинеските службеници за безбедност, била оштетена во најголемата регистрирана телефонска измама за 32 милиони американски долари.

Loading...

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека измамниците изминатото лето избрале постара жена која живее во вила во луксузна населба Хонг Конг и дека, преправајќи се дека се кинески државни службеници за безбедност, ја контактирале тврдејќи дека нејзиниот идентитет се користи во сериозна кривична постапка во Кина.

 

 

Гардијан известува дека во таа прилика и било кажано дека треба да префрли пари од нејзината банкарска сметка на оние што ги држи истражниот тим, каде што ќе бидат чувани и контролирани.

Весникот наведува дека полицијата објавила дека постарата жена била посетена во куќата неколку дена подоцна од лице кое комуницирало од телефон со лажни агенти за безбедносни служби кои ја убедиле да изврши вкупно 11 банкарски трансфери.

Во текот на пет месеци, постарата госпоѓа им дала на измамниците вкупно 32 милиони американски долари, што е најголемата сума што досега успеале да ја земат телефонските измамници во тој град.

Loading...

 

 

Полицијата соопшти дека измамата била забележана само затоа што куќниот помошник на постарата жена помислил дека нешто сомнително се случува и ја контактирал нејзината ќерка, која потоа го пријавила случајот во полиција.

По истрагата, 19-годишник е уапсен, но ослободен со кауција, соопшти полицијата.

Хонг Конг има една од најголемите концентрации на милијардери во светот, од кои многумина се постари, што ги прави лесна мета на измамниците, а во 2020 година полицијата соопшти дека спроведуваат 1.193 случаи на телефонска измама во кои вкупно 74 милиони долари биле украдени .

 

Loading...

Leave a Reply