Се пожалила на Фејсбук, па и го вратиле украдениот инструмент вреден 1,3 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Офели Галјард го добила назад своето виолончело од 18. век откако со закана со нож и било украден пред неколку дена.

По пријавата на кражбата во полиција, таа се пожалила на социјалната мрежа Фејсбук и апелирала да и го вратат украдениот инстурмент, а набргу добила анонимен повик дека виолончелото се наоѓа во автомобилот пред нејзиниот дом.

На возилото бил скршен прозорецот, а на седиштето се наоѓал инструментот во добра состојба.

Loading...

Реткиот инструмент вреди 1,3 милиони евра, а го направил италијанскиот мајстор Франческо Гофриле во 1737. година. Кај Галјард се наоѓал на позајмица.

Четириесетгодишната наградувана музичарка на полицијата и рекла дека напаѓачот со закана со нож ја прислилил да го даде инструментот, а птооа избегал во париската населба Пантин.

– Грабежот беше многу насилен. Со денови не можев да спијам. Толку ми значеше што виолончелото е вратено. Ова е навистина чудо, рекла таа за АФП.

Leave a Reply