Се поставува монтажната ковид болница во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започна инсталирањето на монтажната ковид болница во Општата Болница Куманово.

Loading...

 

 

Веста преку социјалните мрежи ја соопшти градоначалникот Максим Димитриевски. Болницата се поставува во соработка на локалната самоуправа и Министерството за здравство.

 

 

Loading...

– Во оваа инвестиција на Владата и Министерството за здравство Општината учествува со градежни зафати за расчистување и подготовка на теренот, уривање на старите објекти, инсталација на дотур на вода, приклучок на фекален колектор и гасификација. Благодарност од мое лично име и во име на сите кумановчани до инвеститорите и изведувачот на градежните работи и подршка до сите здравствени работници во борбата против епидемијата, вели Димитриевски.

 

 

Модуларната болница со капацитет од четириесетина легла, првите пациенти се очекува да ги прими по новогодишните празници.

Никола Ивановски

Leave a Reply