Се подготвувала да го продаде наследениот стан, па во подрумот нашла вистинско богатство

Сподели со своите пријатели

Ковчег со 500.000 евра бил пронајден во подрумот на зграда во Париз од жена која го наследила станот на нејзината мајка и имала намера да го продаде.

Loading...

„Не завршивме со броењето, но има некаде од 500.000 до 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра“, изјави извор за весникот „Ле Паризиен“.

На дното на езерото пронашле стар сеф, а во него вистинско богатство

Жена на околу педесет години наследила стан од нејзината мајка и ги презела сите дејства потребни за продажба на имот во 7-от по ред арондисман, недалеку од Марсовите полиња и Ајфеловата кула, пишува весникот.

Ангажирала агенција за недвижнини за да ја процени вредноста на станот, а како дел од подготовките за продажба, во подрумот било пронајдено богатство скриено во куфер.

Под прашливите алишта во гаража на баба ѝ пронашла вистинско богатство (ФОТО)

За тоа била известена полицијата, која започнала истрага. Ангажирана е финансиска полиција специјализирана за истрага на перење пари и фалсификување.

Leave a Reply