Се подготвуваат ли терористички напади врз Македонија?

Сподели со своите пријатели

Според пушувањата на порталот Fox.mk, огромниот наплив на бегалци од Сирија како и останатите блиско-источни земји и Африка не се случаен епилог на хуманитарната, воена криза која го зафати тој дел од светот.

Loading...

isis-flag

Корените на овие проблеми сепак се подлабоки и повторно позадината на истите е финансиската моќ на економските џинови во светот, во случајот економскиот но и воено-политички џин САД.

Имено, како што и генералот во пензија Весли Кларк пред неколку години, присуствувајќи на една безбедносна конференција пред присутните но и пред камерите изјави дека САД планира во следните пет години да освои седум земји.

Азилантите од воените подрачја се продукт на оваа надворешна политика на САД. Претежно се работи за азиланти од блиско-источните и Африкански земји. Оваа “дизајнирана” криза плански ја разорува Европа, а Балканот вклучително и Македонија се колатерална штета во процесот.

Американскиот “проблем” со рецесијата и предбанкротната состојба на американските банки претставуваше проблем кој бара радикални мерки за спас. Така, до пред некое време екстремно прогресивната економија на ЕУ која се закануваше да го преземе приматот на најголем пазар во светот стана закана за пазарот на САД. Согласно на проблемот, САД своето решение го пронајде во напади и бомбардирања на земјите богати со ресурси, и токму како што рецитираше Весли Кларк, тоа се земјите како Либија, Ирак, Афганистан, Сирија и секако да не го заборавиме Египет кои беа “усреќени” со арапската пролет дизајнирана од белградски “КАНВАС” истиот оној кој се обиде да ја дестабилизира и Македонија преку своите лекоумни експоненти.

Експозитурите на американската ЦИА има планирано серија на граѓански војни, државни удари и масовно крвопролевање. Оваа крвава трага “извозниците на демократијата” го оставија од Египет до Киев, со крајна цел Москва, а се на патот, вкулчувајќи не и нас како држава е колатерална штета. Арапската пролет, производ на “КАНВАС” е сигурен знак дека пред нас претстои ладна зима.

Минтаогодишните 700.000 азиланти во Европа оваа година ќе се искачат над 2.000.000, а за 2016 се очекува Европа да биде преплавена со апокалитптични 5.000.000 азиланти од блиско-источните земји и Африка.

Loading...

migranti

Од оваа дистанца, смешно изгледаат обидите, а сигурно веќе е и јасно дека се повеќе маркетинг, планираните “хуманитарни” бомбардирања на пристаништата во Либија со цел да се спречат азилантите да патуваат по воден пат до Европа или други дестинации. Тие во Европа пристигнуваат и по копнен пат. Преку Турција и Грција влегуваат во Македонија, а оттука дел се проследуваат во Србија додека за добар дел не се знае дали воопшто ја напуштиле државата. И тука влегува во мозаикот и улогата на македонските соросоиди, кои инструирани од терористичкиот “КАНВАС” креваат галама во јавноста дека азилантите биле лошо третирани.

Околу лошиот третман или попрецизно кажано немањето на никаков третман за пример ќе ја земеме Унгарија. Како членка на ЕУ, потписник на сите меѓународни конвенции за човекови права, вклучително и помош при хуманитарни несреќи, Унгарија е задолжена да ги прими бегалците, соодветно да ги згрижи и да им понуди азил. Но, премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан, најверојатно подобро информиран од нашите, домашни терористи реши да постави ѕид на границата со Србија и да ги изолира бегалците од Унгарија. Со ова, Унгарија ги штити сопствените национални интереси според зборовите на Орбан, а исто така тој изјави дека ова нема никаква врска со земјите кои не се членки на ЕУ од каде доаѓаат бегалците (мислејќи на Македонија и Србија), и дека тоа нема никаква врска посебно со Србија.

Со оваа одлука на Орбан, Западна Европа не е крајната дестинација на бегалците, туку Македонија и Србија е последната станица на која бегалците се симнуваат и остануваат.

Но, да се осврнеме малку на нам познатата историја и случувања со бегалските кризи.

rt_ISIS_syria_march_kb_140924_16x9_992

Секогаш кога на Брисел и Вашингтон им е потребно свртување на вниманието од главните теми, вклучително и очигледниот пропаст на Европската Унија, Балканот познат како буре барут служи за влевање на страв во коски на европските народи. Неслучајни беа терористичките напади во Куманово, најавите за терористички напади во Србија, а последните безбедносни проценки велат дека терористичките напади во режија на статистите на ЦИА – ИСИЛ ќе се одржат на двата речиси најголеми забавни спектакли во Србија – фестивалот Гуча и фестивалот “Еxit”. Двата настани се со висок безбедносен ризик, ако имаме во предвид дека и на двата фестивали главната активност на присутните е пиење на големи количества на алхохол, неконтролирана маса, и немање на евиденција на тоа кој влегува на просторот на фестивалите ја прави полицијата тотално неупотреблива, а за терористите исклучително погодна цел за нанесување на големи штети, а согласно тоа и дава богат пропаганден материјал на светските медиуми.

Дека ова сценарио е тотално возможно ни укажува и фактот што најголемиот број на азиланти кои влегуваат во Македонија и Србија преку Грција и Турција се бробено способни мажи, најчесто луѓе кои бегаат од разурнатиот град Кобане, лица со воено искуство и учество во неколку војни. Полицијата во земјите при нивна евиденција ретко кога наоѓа лица кои всушност носат документи за идентификација, па најчесто тие се идентификуваат на усно тврдење на азилантите за нивниот идентитет, место на живеење и причините поради кои тие бараат азил или транзит низ земјите.

Loading...

Но, да земеме предвид дека ваквото сценарио е далеку од умот. Она што е многу веројатно и очигледно е дека доколку не се случи конвенционален терористички напад, ќе се случи епидемиолошки напад. Имено, најголемиот број од бегалците потекнуваат од земји во кои владее ебола, маларија и најразлични видови на морбили. Истите овие бегалци, влегуваат во земјата без никаква медицинска контрола или било каков надзор. Нашата полиција која треба да се справува со истите нема примено вакцина против овие болести, ниту било каква превенција. Фармацевтските компании низ светот веќе почнуваат да ги тријат рацете за евентуалниот профит од продажба на нивните и онака неефективни лекови против овие болести.

Анонимни извори од безбедносните служби во регионот за неколку српски медиуми брифираат дека голем дел од бегалците се всушност и припадници на ИСИЛ или други терористички организации кои веќе учествувале во неколку борби, а како што напоменав и претходно, најголем дел од најкрвавите борби во пограничниот град Кобане. Дел од нив се и “усреќени” граѓани од обоените револуции на “КАНВАС” од Либија и Египет.

isis-iraq-war-crimes.si

Доколку сето ова кажано се стави во контекстот на најавата на креациајта на ЦИА – ИСИЛ дека до крајот на оваа година во Европа ќе влезат преку “500.000 мигранти поради дестабилизација на Европа” тогаш се станува појасно. Меѓу нив секако се наоѓаат и припадници на ЦИА, американската војска но и граѓани на Европа кои соработуваат со ИСИЛ, или биле во Сирија да се борат на страната на ИСИЛ.

Тероризмот како најсигурно средство останува најсигурна алатка за окупација на Европа. Делувајќи по принципот на “креирај проблем-соодветна реакција-решение” војниците на НАТО и САД повторно ќе ги видиме на наше тло како дел од “решението” за спас на Балканот и Европа од терористичката закана, всушност креирана од Пентагон.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.