Се онесвести војник кој го чуваше ковчегот на кралицата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Твитер се шири видео од војник кој паѓа покрај ковчегот на кралицата додека дава стража.

Loading...

Несреќниот чувар колабирал во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетувале Британци кои со часови стојат во километарска линија за да и оддадат почит на починатата кралица.

Видеото кое стана вирално на интернет покажува како чуварот се онесвестил од исцрпеност во раните утрински часови.

Изгледа дека мажот се сопнал пред да се урне од бината, а неколку полицајци притрчале да му помогнат.

Останатите дежурни стражари се чинеа дека не биле вознемирени од инцидентот и не се мрднале.

Британските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил на смената на гардата.

Би-Би-Си го прекина преносот од Вестминстер и покажа друг кадар.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.