Се огласи произведувачот на шпионскиот софтвер „Пегаз“: Ова е нивниот став!

Сподели со своите пријатели

Компанијата од Израел „НСО груп“, која стои зад моќниот софтвер за шпионирање, кој наводно се користи за хакирање на телефоните, денес објави дека обвинувањата против нив се исти со критиките упатени кон производителите на автомобили кога пијан возач ќе предизвикува судир.

Loading...

Компанијата се соочува со низа меѓународни критики, откако новинарите добија список со наводни потенцијални цели на шпионски софтвер наречен „Пегаз“, меѓу кои има активисти за човекови права, политичари и новинари, пренесува Би-Би-Си.

На списокот има 50.000 телефонски броеви за кои се верува дека ги интересираат индивидуалните клиенти на софтверот.

 

Аферата „Пегаз“ продолжува: Мета била и принцезата на Дубаи?

 

Групацијата НСО соопшти дека им било кажано дека списокот е хакиран од нејзините кипарски сервери, но портпаролот на компанијата за Би-Би-Си изјави дека НСО Групацијата нема сервери на Кипар и нема податоци за клиентите.

Тој додаде дека таков список воопшто не треба да постои и дека тоа е, како што вели, луда бројка, бидејќи купувачите на тој софтвер обично имаат просек од 100 цели годишно.

Loading...

– Од основањето на компанијата, немавме вкупно 50.000 цели – рече портпаролот.

Од компанијата велат дека софтверот е наменет за употреба против криминалци и терористи, и е достапен само на армијата, агенциите за спроведување на законот и разузнавачките агенции.

 

Шпионските софтвери како „Пегаз“ – закана за демократијата

 

Првичната истрага, што доведе до објавување на извештајот на невладината организација „Забранети приказни“ со седиште во Париз и „Амнести Интернешнл“, беше „полна со погрешни претпоставки и непотврдени теории“, соопшти израелската групација.

Извештаите се дел од серијата написи во весниците кои сугерираат дека илјадници истакнати луѓе се мета на шпионски софтвер.

Висок израелски службеник за Би-Би-Си потврди дека израелската влада формирала тим за истрага на наводите за софтверот „Пегаз“.

Loading...

Leave a Reply