Се одржа првата форумска сесија за приоритетен проект во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претставници на локалната самоуправа, невладиниот сектор, образованието, здравството, месните заедници, граѓански активности денеска присуствуваа на првата форумска сесија кои ги организира Советот на општина Куманово, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран од организацијата за развој на Обединетите нации, а поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој.

Loading...

Тие имаа можност да предложат проектни идеи, да ги развијат и изработат конкретни проекти и подоцна, по последната петта сесија, заеднички да одлучат кој од тие проекти ќе биде избран за реализација.

Обраќајќи им се на присутните, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека иако се работи за симболични средства, 50.000 швајцарски франци, целта е да се поттикне заедницата да размислува креативно.

– Ја поздравувам оваа иницијатива, посакувам успешна работа, знам дека ќе излезат многу креативни идеи. Знам дека сите тие идеи не можат да се покријат со овие скромни средства, но секако тие исти креативни идеи може да се користат за дополнување на годишните програми на буџетот и барање на дополнителни средства за реализирање на одредени проекти во градот. Ние имавме слични вакви иницијативи кои минатата година ги започнавме со УНДП. Во рамки на невладиниот сектор на отворена апликација се пријавија поголем број на невладини организации за добивање на средства за реализирање на неколку проекти во градот, најдобрите ги добија тие средства, беа поделени во неколку сегменти. Последниов проект кој го пуштивме во употреба беше целосна реконстркција на детското катче во Соколанскиот парк, кај што вклучивме при реализација на самиот проект повеќе од 150 млади волонтери. Целта е да ги поттикнеме младите да дадат свој придонес за градење на заедницата бидејќи волонтеризмот не само во нашата општина генерално во државата е изгубен и мора да го вратиме тоа ниво кое постоеше во минатото-истакна градоначалникот Димитриевски.

Тој се надева дека овие идеи нема да останат само на хартија туку ќе се обидат заеднички во наредниот период да ги реалзираат.

Loading...

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска очекува бројни идеи и квалитетни проекти, кои како што рече за жал нема да може сите да се финанисираат од оваа донација, но ќе бидат подготвени за следни апликации.

-И во минатите години се изработија многу проекти на задоволство на граѓаните од другите општини, веќе имавме размена на искуства и така ќе биде и во нашата општина а понатаму третата компонента е токму размената на искуства пред се советниците а и другите претставници од општината, во дебатирањето за проблемите во локалната заедница  и начинот како да се справиме со нив.  На  тој начин и ние како членови на совет, општина ќе ја оствариме нашата цел да бидеме што поблиски до граѓаните, да имаме слух за проблемите на заедницата и заеднички да ги креираме одлуките и решенијата – нагласи таа.

Проектите, треба да содржат вмрежување меѓу граѓаните и организациите, вклучување на маргинализаирани групи, обезбедување на еднакви можности за жените, придонес кон поголем социјален импакт и  практични и видливи резултати.

Граѓаните ќе изберат за каков проект ќе завршат 50.000 швајцарски франци, а останатите 12.000 ќе се употребат за иновација за работата на советот.

Leave a Reply