Се одржа 41-та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2014/2015“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со поддршка на Градоначалникот и Советот на општина Куманово, како и Музеј – Куманово, вчеранавечер во просториите на Уметничката галерија се одржа Меѓународната ликовна колонија – Куманово 2014/2015.

[huge_it_gallery id=”258″]

Најстарата колонија која оваа година по 41-ви пат се одвележува во Куманово, поточно во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде гости од Романија, Србија и Македонија со своето дружење оставија богата продукција од 38 дела од 24 уметници.

Минатата година прославивме јубилеј од 40 години, традицијата трае многу долго и заедно со градоначалникот на општина Куманово и Министерството за култура преку реалцизација на Музеј Куманово, односно вредните кустоси во музејот, заеднички ја одбележавме колонијата во прекрасниот амбиент во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце – истакна директорката на НУ Музеј – Куманово, Анита Цветковска.

Loading...

Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека ова е еден од подобрите проекти во Македонија каде се покажува и соработката на опозицијата на локално ниво и националните иснтитуции.

Ова е нешто за што градот Куманово доби заслуги како град на културата затоа што е препознатлива точка во музичката, ликовноста и културата – вели Дамјановски.

Инаку изложбата на дела од масло на платно, акрил на платно, скулптури и графики ќе трае 10 дена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.