Се одложува реализацијата на проектот за бањско-климатска рекреација

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика го одложува проектот за бањско-климатска рекреација.

Loading...

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот бањско – климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во одредениот термин.

За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Интегрално соопштение: Министерство за труд и социјална политика

Leave a Reply