Се обидела да го продаде своето бебе за силикони и нови чизми

Сподели со своите пријатели

Русинката Луиза Гаџијева, која е мајка на четири деца, по потекло од Дагестан, по апсењето е во притвор поради обид за продажба на новородено дете.

Loading...

Луиза се обидела да го продаде седумдневното бебе, со кое штотуку дошла од породилното одделение дома, за 3.000 фунти.

Како изговор на полицијата, девојката ја искажала „силната потреба“ за операција на градите, која имала за цел да ги зајакне и зголеми, но и набавка на нови парови чизми!

„Седев дома со сестра ми пред породувањето и видовме неколку фантастични чизми во новиот каталог на продавницата. Знаевме дека никогаш нема да имаме пари за нив. Исто така, момчињата секогаш ми велеа дека моите гради се премногу млитави и мали, а јас сакав барем еднаш да поработам на себе“, рекла Луиза на шокираните полицајци.

Се испоставило дека таа и нејзината сестра веќе изработиле план за продажба на бебето преку црниот пазар. Таа дури била изненадена од информацијата од нејзината сестра колку парови се јавиле да го купат детето.

За време на испрашувањето, Луиза ги спомнала и претставниците на групата на интернет која се занимава со убедување на мајките да не го продаваат своето бебе, бидејќи тие се обиделе да влијаат врз неа да ја смени својата одлука.

„Се обидовме да ја убедиме да не го стори тоа. Видовме дека се премислува, но се чини дека не успеавме во тоа пред вас“, рекла на Фејсбук групата „Стоп за продажбата на деца“, што Луиза им го соопштила на полицијата.

Детето, во меѓувреме, го презел Центарот за социјална работа.

Loading...

Leave a Reply