Се обидел да криумчари мигранти, уапсен на автопатот Куманово – ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен штипјанец завчера бил приведен во кумановско при обид да шверцува мигранти.

Loading...

– На 27.06.2020 во 19.45 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Сопот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што објаснуваат при полицијата, при обид да застанат патничко возило „ауди А6“, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик“, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply